НОВИ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ЦЕНТРИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
  Објавено на
share

НОВИ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ЦЕНТРИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ 

AS NoviCentri Campaign FBPost x

Три нови специјализирани центри, кои нудат целосен третман на пациентите од дијагноза до решение, официјално почнаа да функционираат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Концептот на Центарот за болка, Slim body center и Центар за третман на деца со пречки во развојот овозможува пациентите на едно место да добијат рана и точна дијагноза, мултидисциплинарен пристап во третманот, рехабилитација и следење.

Долгогодишното искуство и стручност на докторите, екипираноста на тимот и најсовремените технологии со кои располага „Аџибадем Систина“ овозможуваат на пациентите да им се понуди најдобрата нега. Проф. д-р Игор Кафтанџиев, медицински директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, објаснува дека уникатноста на овие центри е во екипираноста и опремата, што ги прави единствени од ваков тип во државата.

„Важно е да се нагласи дека принципот на работа во сите три центри е тоа што ве прима еден конкретен доктор, кој прави проценка и во зависност од потребата, со цел да го најдете решението, го препраќа пациентот на одреден тип специјалист. Практично, еден доктор ве води во цел процес, за да ви се олесни престојот во болницата и што е најважно, да добиете брзо решение. Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ располага со стручни и искусни доктори, најсовремена технологија и капацитети што можат да одговорат и на најспецифичните барања и потреби на пациентите“ – објаснува проф. д-р Кафтанџиев.

ПРВ И ЕДИНСТВЕН ЦЕНТАР ЗА ТРЕТМАН НА БОЛКА

Во „Аџибадем Систина“ е ставен во функција новиот и уникатен Центар за третман на болка со мултидисциплинарен пристап, кој е единствен од ваков тип во нашата земја и првпат отворен во оваа здравствена установа. Центарот за третман на болка им овозможува на пациентите преку персонализиран план на лекување од страна на мултидисциплинарен тим од специјалисти да добијат соодветна терапија за обезболување, точна дијагноза, а со тоа и решение за нивниот проблем на едно место. Она што го прави овој центар уникатен е предноста што нуди можност за вршење на интервентни процедури, минимално неинвазивни и инвазивни процедури преку дневна болница и стационарно лекување. Во третманот на пациентите, кои ќе бидат примени во овој центар и третирани со мултидисциплинарен пристап, се вклучени специјалисти од повеќе специјалности како: онколог, анестезиолог, интервентен радиолог, невролог, трауматолог-ортопед, физијатар и психијатар.

Предводник на Центарот за болка е прим. д-р Татјана Спировска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија, а во Центарот за болка на пациентите ќе им се нуди два типа третмани, третман поврзан со  хронична болка, како и третман на болка кај онколошки пациенти.

„AS SLIM BODY CENTER“ МЕДИЦИНСКИ ТРЕТМАН ЗА ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ

„Аџибадем Систина Slim body center“ е нов концепт што вклучува детално обработен, медицински и синхронизиран третман за пациентите што имаат проблеми со телесната тежина. Клучните предности се што во центарот, првпат во државата, се нуди можност за евалуација на пациентите, по што почнува и третманот на дебелината, а концептот е применлив во која било возраст, од деца па сn4; до возрасни луѓе што имаат проблеми со зголемената тежина. Се работи за медицина базирана на докази, односно опфатени се сите медицински аспекти на дебелината и нејзиниот третман, како и третманот на потенцијалните компликации.

Овој центар го предводи д-р Надица Божиновска-Димова, специјалист по ендокринологија, а со оглед на тоа дека се работи за комплексно синхронизирано работење на повеќе специјалности, во центарот се вклучени: ендокринолози, гастроентерохепатолози, кардиолози, нутриционисти, психијатри, абдоминални хирурзи, ортопеди, физијатри, специјалисти по нуклеарна медицина и пластична хирургија, фитнес-тренери.

НАЈСОВРЕМЕН ЦЕНТАР ЗА ТРЕТМАН НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Првите години од животот се исклучително важни за понатамошниот развој кај децата. Но, кај некои деца често се забележуваат развојни доцнења, состојба кога детето нема достигнувања соодветни за возраста. Затоа докторите советуваат дека доколку родителите забележат дури и мало сомневање за развоен проблем, сметаат дека нивното дете е побавно од останатите или едноставно не е како другите врсници, да не чекаат ни минута повеќе. „Kолку што порано ќе се постави дијагноза и ќе се започне со третман, толку подобар ќе биде напредокот кај детето и ќе се подобри квалитетот на живот“, објаснува проф. д-р Анета Демерџиева, специјалист по педијатрија, која го предводи Центарот за третман на деца со пречки во развојот.

Бидејќи се работи за многу чувствителна категорија деца, во нивната обработка е потребен мултидисциплинарен пристап од страна на повеќе специјалисти. Тимот во Центарот за дијагноза и третман на деца со пречки во развојот го сочинуваат: развоен педијатар, педијатриски невролози, специјални едукатори – дефектолози, специјалисти за детска психијатрија, психолог, нутриционист и физијатар за деца.

Центарот располага со сета неопходна апаратура за следење на децата и нивен третман, а воедно е дизајниран и опремен во пријатен детски амбиент, со цел намалување на стресот и непријатноста од престој во болничка установа кај детето и неговата придружба.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани