КОМПЛЕТНА ГРИЖА ОД ПРВИОТ ДЕН – СПЕЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ ЗА ПОРОДУВАЊЕ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
  Објавено на
share

 КОМПЛЕТНА ГРИЖА ОД ПРВИОТ ДЕН – СПЕЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ ЗА ПОРОДУВАЊЕ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

 
КОМПЛЕТНА ГРИЖА ОД ПРВИОТ ДЕН – СПЕЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ ЗА ПОРОДУВАЊЕ ВО „АЏИБАДЕМ
СИСТИНА“
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди специјални пакети за породување со кои се
нуди комплетна здравствена грижа во периодот пред и по породувањето. Како најголемо
приватно породилиште, каде што годишно се раѓаат околу 1 700 новороденчиња, грижата за
идните мајки и нивните најмили е приоритет, применувајќи ги сите светски трендови и
технологии во областа на гинекологијата и акушерството.
Стручен тим од доктори специјалисти, гинеколози акушери и неонатолози со богато искуство
зад себе и многу успешни приказни, акушерки, медицински сестри и болничарки се
максимално посветени породувањето и периодот на закрепнување да поминат што полесно и
на идните мајки да им остане како најубав спомен. Секој пакет за породување вклучува:
болничко сместување, лабораториски анализи за мајката при прием во болницата, како и
можност за спинална или епидурална аналгезија за безболно породување.
„Овие пакети се поттик за идните мајки да добијат соодветни информации како да водат
здрава бременост и како правилно да се грижат за своето новороденче. Дополнително
вклучивме голем број бенефиции со цел мајките да се чувствуваат прифатено и посебно во
текот на бременоста и по породувањето“, изјави д-р Гордана Петровска, специјалист по
гинекологија и акушерство.
Бебињата родени во „Аџибадем Систина“ имаат свој неонатолог, кој ги следи нивниот раст и
развој и со таа цел во пакетот се вклучени и аудиолошки, кардиолошки и ортопедски скрининг
на новороденчето, совети за негова исхрана, три контролни прегледи во првиот месец и
посета на патронажна сестра. Дополнително, сите бебиња родени во Клиничката болница
„Аџибадем Систина“ добиваат ексклузивен попуст од 10% за користење на сите здравствени
услуги од болницата доживотно.
Во рамки на пакетите, за време на бременоста секоја мајка има можност да посетува
бесплатни часови по јога, 3 масажи за трудници во „Премиум спорт центар“, книга со совети за
водење здрава бременост. По породувањето, на родилките им следува специјален попуст од
30% за постпородилни пакети за обликување на тело и 20% попуст за медицински козметички
услуги во Центарот за перфекција, а дополнително и специјален попуст од 20% за користење
на услугите во „Премиум спорт центар“ и бесплатна фризерска услуга.
Пред напуштање на болницата, секоја породена пациентка добива специјален подарок
мултифункционална брендирана бебешка торба „Acibadem Sistina Baby“ со информативен
материјал и подароци.
НОВИ БЕНЕФИЦИИ ВО ПАКЕТИТЕ ЗА ПОРОДУВАЊЕ
Новитети во пакетите за породување во грижата за мајката пред и по породување се:
бесплатна консултација со психијатар, консултација со нутриционист и совети за исхрана на
доилки по породување, како и бесплатна ендокринолошка консултација и 20% попуст на
услугите во AS „Slim Body Center“ по породувањето. Дополнително, сите породени пациентки
добиваат попуст од 20% во рестораните „SushiCo”, „SushiCo Zen“, ресторанот „Salvatore“
Панорама Резиденс и ресторанот „Always fresh”.
 
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја цени лојалноста на своите пациенти и со таа цел
за пациентките што се породуваат по втор или трет пат или, пак, извршиле ИВФ-постапка им
нуди сместување без дополнителен финансиски надомест во еднокреветна соба и апартман,
организирање свечена вечера со партнерот и фризерска услуга. Сместувањето во
 
еднокреветна соба или апартман е во зависност од моменталниот расположлив капацитет на
Одделот за гинекологија и акушерство.
Сите бенефиции во пакетот за породување следуваат со авансна уплата од 12.000 денари.
денари.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани