ЗГРАДАТА ОД 500 МЕТРИ НАРЕЧЕНА 101, ОСТАНА НЕОШТЕТЕНА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТАЈВАН!
  Објавено на
share

 

ЗГРАДАТА ОД 500 МЕТРИ НАРЕЧЕНА 101, ОСТАНА НЕОШТЕТЕНА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТАЈВАН!

Некогаш највисокиот облакодер во светот го држи специјална конструкција но и дампер во внатрепноста кој се клати за време на силни земјотреси.

Облакодерот Тајпеј 101 има 101 кат, висок е 509 метри и има посебна конструкција која го намалува нишањето за 40% при земјотреси, а конструкцијата „работи“ и при силни ветрови


Разорниот земјотрес што го погоди Тајван не ја сруши највисоката зграда од 500 метри. Некогаш највисокиот облакодер не се урнал благодарение на специјалната конструкција. И покрај разорниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, кој вчера го погоди Тајван и предизвика сериозна материјална штета, облакодерот Тајпеј 101 во центарот на градот остана недопрен.

Објаснето е дека облакодерот не се урнал бидејќи при изградбата биле предвидени земјотреси, кои се чести во оваа клима и сосема нормални за структурата на земјиштето во Тајван.

Зградата има 101 кат, висока е 509 метри и има посебна конструкција која го намалува нишањето за 40% при земјотреси, а конструкцијата „работи“ и во денови кога има силни ветрови.

На видеото можете да видите како зградата се „однесувала“ за време на разорниот земјотрес и дефинитивно е дека не се помрднала од местото каде што стои.

 

Структурата, која наликува на челична кула, тешка 660 тони, е поставена во внатрешноста на зградата и позиционирана високо на 92-от кат. Неговата цел е да обезбеди рамнотежа на зградата или да одржува рамнотежа – кога зградата се движи во една насока, кулата се влече во друга насока.

На тој начин, ако зградата се ниша, не може да се урне.
Ова е „пасивен систем за амортизација“ што значи дека работи без никаква надворешна контрола со помош на гравитацијата и движењето на зградата.

 

Тајпеј 101 е поранешниот највисок облакодер во светот. Се наоѓа во главниот град на Тајван, Тајпеј. Добитник е на големата „Emporis Skyscraper Award“ за најубава и неверојатна градба во 2004 година.

Тој е класифициран во новите седум светски чуда и седум чуда на инженерството во 2006 година. Облакодерот има 101 кат и е изграден во стар азиски стил. Самиот облакодер е висок 449,2 метри, но со антената неговата висина е 509,2 метри, што го прави еден од највисоките облакодери во светот.

Инаку, ова не е прв пат Тајван да го погоди силен земјотрес, а доказ за тоа е земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер кој се случи во 2022 година.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани