Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ
  Објавено на
share

 СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ


Склучен Договор за соработка и донација помеѓу

Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ


Денешниот настан има огромно значење за Македонската академија на
науките и уметностите (МАНУ), Фондацијата „Никола Јанчев“ и за
Македонија. Потпишан е договор за соработка и донација, на три години,
помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ, што е резултат на
посветените заложби на градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин
Митко Јанчев и одборот на Фондацијата. Оваа поддршка е важен поттик
за понатамошен развој на МАНУ, која има клучна улога во сочувувањето
на нашето уметничко и културно наследство.
МАНУ, како највисока и самостојна научна и уметничка институција во
земјата, игра одлучувачка улога во следењето на состојбата во науките и
уметностите и во нивното унапредување. Академијата се залага за
оспособување и усовршување на научно-истражувачките и уметничките
кадри, како и за заштита и афирмација на македонското културно
наследство и природни ресурси.
Од друга страна пак Фондацијата „Никола Јанчев“ дејствува во решавање на
важни прашања, а со својата грижа и донации придонесува за долгорочен и
одржлив развој на својата заедница. Фондацијата помага онаму каде е
најпотребно, а фондот се гради од донираната Градоначалничка плата од страна на г-дин Митко Јанчев, како и од средствата дадени од компанијата
“Кожувчанка”. Вкупниот износ на донација досега изнесува околу 5 милиони
денари. 
МАНУ помина низ значајна етапа од својот развој, но како и сите други
институции, се соочува со големи предизвици што ги носи времето. Во
наредните години, Академијата ќе продолжи да работи на остварување на
својата мисија и визија, со цел да даде целосен придонес во интеграцијата
на македонската наука и уметност во современите европски и светски
научни текови, па затоа оваа соработка е од големо и клучно значење.

„Како претседател на Фондацијата „Никола Јанчев“ и Генерален
менаџер на Компанијата „Кожувчанка“, би сакала да изразам огромна
почит кон МАНУ и сите кои се дел од неа. Ме радува што Фондацијата
од својот локален карактер прераснува во препознавање на национално
ниво, сега и преку оваа од голема важност соработка со МАНУ. Верувам
дека средствата ќе бидат имплементирани за сигурни цели, кои ќе
поттикнат научно-истражувачка работа и постојана грижа за
зачувување на македонското уметничко и културно наследство.“ -
изјави г-ѓа Јанинка Чупаркоска, Претседател на Фондацијата „Никола
Јанчев“ и Генерален менаџер на компанијата „Кожувчанка“.
Од Фондацијата „Никола Јанчев“ се надеваме на постојана и плодна
соработка со Македонската академија на науки и уметности.

Ви благодариме!
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани