ПОВРЕДЕНИТЕ ОД НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ СЕ ЛЕКУВААТ ВО СРБИЈА, БУГАРИЈА, ГРЦИЈА И ТУРЦИЈА
Ниедна земја на балканот па и пошироко не може сама да се справи со олкав број на настрадани во несреќата во Кочани. Затоа е добредојдена помошта од сите, пред ссе соседите, Србија, Бугарија, Грција, Турција каде повеќе тешко повредени се лекувааат.
Трерба да имате претстава колку се тешки и болни и комплицирани и опасни повредите од изгоретини. Потребна е посебна нега и поддржка од апарати во најспецијализирани центри.
Србија прими 17 пациенти во четири болници. Со воен авион во белградскиот клинички центар и Воената медицинска академија се пренесени 12 пациенти, додека со воени амбулантни возила две болници во Ниш се пренесени уште двајца.
Директорот на Клиниката за изгореници во Универзитетскиот Клинички центар на Србија, рече дека состојбата на сите пациенти се следи, и дека неблагодарно е да се даваат прогнози за повредените.
-Во текот на ноќта седум пациенти се лекувани во операциони сали. Повредите со кои се здобиле повредените се главно изгореници, кои зафаќаат меѓу два и 28 отсто од површината на телото. Значајно е да се каже дека пациентите покажуваат симптоми на оштетување поради контакт со отровните гасови што се создаваат за време на пожарот.“изјави Србија Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за изгореници.
14-мина пациенти се лекуваат во соседна Бугарија, шестмина во воената болница во Варна, неколкумина во Пловдив, а најголем дел, 8 мина се згрижени во болницата Пирогов во Софија. Според директорот на болницата состојбата на сите пациенти е тешка.
„Три деца се под 18 годишна возраст – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година. Состојбата на сите пациенти е тешка. Тројца од пациентите се интубирани, додека за останатите ќе биде направена дополнителна медицинска проценка и терапевтски план. Сите пациенти биле донесени во тешка состојба со повреди на горните и долни дишни патиша, што е сериозна закана за организмот.“-изјави Бугарија д-р Валентин Димитров директор на Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија.
Покрај Бугарија и Србија, петтмина пациенти се пренесени и во Грција, а деветмина Анкара и Истанбул во Турција.
Од петтмината пациенти кои се сместени во воентата болница во Солун и болницата Папаниколау, двајца веќе се оперирани, додека според информациите на други двајца им била извршена трахеотомија.
„Станува збор за две девојчиња и едно момче кои вчера попладне пристигнаа во болница. Два пациенти беа веднаш однесени на операција, додека третиот беше третиран во одделението за изгореници....“-изјави Грција Димитрис Палицика – Болница Папаниколау.
Пациенти примија и Унгарија и Литвалнија, а според најавите, уште 20-тина ќе да бидат испратени на лекување во Словенија, Хрватска и Австрија. Голем број македонски граѓани кои живеат или работат во соседните држави каде има хоспитализирани лица, преку социјалните мрежи нудат помош и бесплатно сместување за семејствата на повредените.
Во знак на почит кон загинатите вчера светна и кулата во Белград, а и во текот на денешниот ден голем број личности изразија сочувство, меѓу кои и српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ.