Што со трите акцеларатори кои се во подрум десетина години?
  Објавено на
share

 

 
 

Што со трите акцеларатори кои се во подрум десетина години?

 
Денеска остварив средба со Каталин Сурдеану, регинален директор за фирмата Електа. Електа е една од двете светски фирми производители на акцелератори за радиотерапија на рак. Акцелараторите на Електа се тие што се набавени преку Министерство за здравство пред десетина години за болниците во Штип и Битола, како и 8 септември во Скопје.
Овие акцеларатори, чинат повеќе милиони евра, и се дел од опрема во десетици милиони евра која е купена со народни пари и не е во употреба. Средбата беше со цел да се обезбедат службени информации за статусот на опремата бидејќи долго време не се употребува, а пред јавноста преземавме обврска да се стават во употреба.
Прво лошите вести.
 
Акцелараторот во Штип е стар модел кој веќе не се употребува, за отпис е.
 
Акцелераторот во Битола може да се стави во употреба, но гаранцијата за делови истекува за 2 години, по што треба да се поправа со половни делови.
 
Тој што е во 8 септември е добар за употреба (се уште е во производство и продажба), но ќе треба осовременување на компоненти и софтвер, за што се потребни 4 месеци.
 
На Македонија и се потребни барем десетина акцеларатори, а во моментот функционираат четири на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Со многу работа може до 2026 г. да има 6-7 акцелератори. Останува прашањето дали некој ќе одговара, само за директната штета од милиони евра! #здравство



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани