КОЖУВЧАНКА ГО ЗАПОЧНУВА ГОЛЕМИОТ „ЕКО АВАНТУРА“ КАРАВАН ВО ПРЕДУЧИЛИШНИТЕ УСТАНОВИ НИЗ ЦЕЛАТА ДРЖАВА
  Објавено на
share

 

КОЖУВЧАНКА ГО ЗАПОЧНУВА ГОЛЕМИОТ „ЕКО АВАНТУРА“ КАРАВАН ВО ПРЕДУЧИЛИШНИТЕ УСТАНОВИ НИЗ ЦЕЛАТА ДРЖАВА

 

  Компанијата Кожувчанка, препознатлива по својата долгорочна посветеност на квалитетот, заедницата и општествената одговорност, го најавува почетокот на големиот „Еко авантура“ караван - едукативен проект наменет за најмладите.

  Караванот ќе започне во Скопје, со посети на предучилишните установи во сите општини, а потоа ќе продолжи и низ целата држава. Преку оваа иницијатива, Кожувчанка ја демонстрира својата континуирана грижа за заедницата, вложувајќи во образованието на децата и во развојот на свеста за важни општествени и еколошки вредности.

  Во рамките на караванот, децата ќе имаат можност да ја проследат детската театарска претстава „Еко авантура“, во изведба на Продукција Триангл. Претставата на забавен и интерактивен начин ја пренесува пораката за зачувување на животната средина, вредноста на рециклирањето и важноста од редовна консумација на вода.                                

  Преку игра, музика и учество, најмладите ќе научат како секој поединец може да придонесе за почиста и поздрава планета.

  Со овој проект и преку својата вода Изворска Јуниор во ЕКО амбалажа, Кожувчанка уште еднаш го потврдува својот статус на општествено одговорна компанија која вложува во иднината, во децата, во нивното образование и во одржливиот развој.
 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани