Во масовното пукање што се случи денеска,главниот пазарен плоштад во Краков, загинаа 6 лица, а најмалку 15 се повредени.
  Објавено на
share

 Во масовното пукање што се случи денеска,главниот пазарен плоштад  во Краков, загинаа 6 лица, а најмалку 15 се повредени.


Напаѓачот, маж во неговите 20-ти години и државјанин на Полска, влегол со црн автомобил марка „Субару“ без регистарски таблички на плоштадот од насока на улицата „Славковска“ и почнал по случаен избор да пука кон минувачите со пушка од типот AR-15. Тој носел воена тактичка опрема, а во неговото возило полицијата подоцна пронашла поголемо количество муниција и делови од друго оружје.
 
За време на нападот, напаѓачот пукал и кон еден трамвај во движење, каде што е скршено стаклото но нема повредени, како и кон полициските службеници кои брзо интервенирале. При размената на оган, ранети се двајца полицајци, од кои едниот е во критична состојба со три прострелни рани и моментално е на операција.
 
Полицијата успеала да го рани и да го совлада напаѓачот, кој во моментов се наоѓа во болница под полициски надзор каде што му се врши медицински оперативен зафат. Полските власти, вклучително и Министерството за внатрешни работи, потврдија дека напаѓачот дејствувал сам и дека нема друг осомничен кој се бара.
 
Меѓу жртвите кои го загубија животот се четири жени и двајца мажи. На местото на настанот веднаш пристигнале бројни полициски сили, противпожарни возила и медицински хеликоптер. Градските власти и службите за безбедност упатија итен апел до жителите и туристите целосно да ја избегнуваат областа околу Главниот плоштад додека трае увидот.
Полскиот премиер Доналд Туск објави дека е на пат кон Краков и дека полицијата интензивно ги истражува сите околности и мотивите зад овој незапаметен напад.



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани