Орео музички плочи - да, не е мајтап, навистина свират музика
Објавено на

Не се сомневаме дека вие, фрикови по благо и поклоници на најпопуларното колаче на планетава ОРЕО ќе одлепите и полудите по оваа навистина откачена едиција на омилените кукиси.

Имено, површината на црните колачиња ионака наликува на мини винил плоча, а инженерите и технолозите се погрижиле да вметнат запис како на класичен винил. Секако, ова не е за репорпдикција со некоја си егзотика на Кисеки Лапис Лазули, туку едно мало грамофонче кое мене ми наликува на оние мини грамофони од раните 70-ти, иако и тие се гломазни во споредба со ова.

Па, ако некој од вас набави, а не се сомневаме дека набрзо ќе влетаат пакети Орео со снимена музика и грамофончиња, викајте на частење и фалење.

Целата приказна тука

пс ... се мислам, на Апче да му предложиме нешто слично со тулумбите па да се вртат за свирење како на оние старине фонографи




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани