Тифани Адамс има доживеано несреќа и нејзините долни екстремитети се скоро потполно одземени. Мора да користи инвалидска количка. Но она што ја прави различна е тоа што не се откажува од животот, се бори и не застанува ни за миг.
Актерка, модел и риалити персона, настапува во раилити шоуа, и тв серии. Настрадала во 2000 кога имала 17 години, кога пијан возач ја удрил во автомобил во која се возела. Возилото кое удрило возело со 200 километри на час. Кoга ја нашле мислеле дека е мртва. Од повредите останува инвалид во количка, но не губи надеж дека може да се опорави.
Иако постојат мали шанси да се закрепне, сепак таа се однесува како да е само прашање на кратко време кога ќе се случи. Упорна, храбра, вежба и тоа напредни кардио и физички програми и не се откажува од животот.
Пример кој треба и мора да се почитува. Ова се нејизните ФБ и Инстаграм прифили, ако сакате да видите и прочитате повеќе за неа.
Фејсбук
Инстаграм
wikipedia
IMDB